Советникот на украинскиот претседател Игор Жовко го критикуваше генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за неговата претстојна средба во Москва со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, нагласувајќи дека Гутереш „всушност нема овластување да зборува во име на Украина“.
„Не е добра идеја тој да отпатува во Москва. Не ја разбираме неговата намера да отпатува во Москва и да разговара со претседателот Путин“, рекол Жовко, пренесува Гардијан.
Тој изјави дека „иако сите мировни преговори се добри ако завршат со резултати“, се сомнева дека разговорите што ги иницира Гутереш ќе дадат некаков резултат.