282
Во текот на вчерашниот ден (24.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 110 возачи.
Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа, 44 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено место.