Обвинителството на Меѓународниот кривичен суд ги истражува злосторствата во Украина

од Маја Анчевска
232 прегледи

Обвинителството на Меѓународниот кривичен суд, како што јави агенцијата АП, се приклучува на заедничкиот истражен тим формиран од Украина, Литванија и Полска за „да ги истражи злосторствата извршени за време на конфликтот во Украина“.

Агенцијата наведува дека главниот обвинител на МКС, Карим Кан, денеска потпишал договор за учество во мултинационални напори, чија цел е олеснување на истрагите и соработката.

Еуроправда, агенцијата за судска соработка на Европската унија, рече дека договорот испратил „јасна порака дека ќе се направат сите напори ефективно да се соберат докази за клучните меѓународни злосторства извршени во Украина и да се изведат одговорните пред лицето на правдата“.

Слични содржини