Во моментов во Европската унија нема договор за воведување целосна забрана за увоз на руски енергетски извори, како гас и нафта, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.
Тој во интервју за германски „Велт“ најави дека за тоа повторно ќе се разговара на следниот самит на лидерите на ЕУ во мај.
Комисијата оваа недела најверојатно ќе испрати предлози до членките на ЕУ за шестиот пакет санкции против Русија поради војната во Украина, пишува Билд.