Руските сили ја кршат наредбата на Путин и го напаѓаат Азовстал

од Маја Анчевска
279 прегледи

Украинското Министерство за одбрана денеска соопшти дека украинската армија ги одбила нападите на руската армија во источниот дел на земјата.

Портпаролот на Министерството за одбрана, Олександр Мотузјаник рече дека руските сили се обиделе да ја пробијат одбраната на неколку градови – Рубижне, Попасна, Северодонецк, Маринка и Авдивка – и се обидувале да напредуваат од Изјум кон Барвинкове и Словјанск.

Руските сили, исто така, продолжуваат со нападите врз фабриката за челик во Мариупол Азовстал, каде што има украински борци, изјави советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович.

– Непријателот продолжува да ги напаѓа нашите позиции во областа на фабриката Азовстал. Тој користи авиони, артилерија, пука од тенкови и се обидува да напредува со јуришни групи, прекршувајќи ја наредбата на сопствениот врховен командант, рече Арестовиќ во видео обраќање.

Слични содржини