Тајван: Во претстојните воени вежби ќе ги земеме предвид научените лекции од конфликтот во Украина

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Тајван ќе го примени она што неговата армија го научи со набљудување на конфликтот во Украина на претстојните воени вежби кои имаат за цел да вежбаат борба против евентуален кинески напад, соопштија денеска властите во Тајпеј.

Најавено е дека овогодинешните вежби во Тајван ќе бидат поделени на два дела, едниот во мај, а другиот во јули, пренесе Ројтерс.

Мајскиот дел би бил делумно тактичко разгледување, засновано на „различни можни дејствија на кинеската комунистичка партија во врска со инвазијата на Тајван, земајќи ги предвид лекциите од руско-украинската војна“, се вели во соопштението.

Слични содржини