281
Војската и државата Русија веќе се ослабени од војната против соседна Украина, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Џон Кирби пред средбата со американските сојузници и партнерите во НАТО.
„Тие се ослабена војска. Тие се ослабена држава во моментов и стануваат се поизолирани“, рече Кирби во интервју за Си-Ен-Ен.
Портпаролот на Пентагон изјави дека САД сакаат Русија повеќе да не може да им се заканува на соседите во иднина, пренесе Ројтерс.