344
Украинската војска соопшти дека ги бомбардирала руските позиции на Змискиот остров во Црното Море, симбол на украинскиот отпор од инвазијата на руските сили на 24 февруари.
„Нашите сили ги нападнаа непријателските позиции на островот Змии“, објави Јужната команда на украинската армија на Фејсбук во вторникот вечерта, тврдејќи дека погодиле „контролен пункт“ и го уништиле противвоздушниот систем.
„Загубите на Русија се утврдуваат“, стои во објавата.
Русија не потврди напад на островот што го окупираше веднаш по почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари.