251
Системите за противвоздушна одбрана биле активирани рано утринава во рускиот град Белгород, јавува руската агенција ТАСС, повикувајќи се на наводите на локалните власти.
Во Белгород, во близина на границата со Украина, вчера се слушнале неколку последователни експлозии и избувнал пожар во складиште за муниција.
Регионот Белгород се граничи со украинскиот регион Луганск, регионот Суми и регионот Харков, посочува Ројтерс.