312
Германскиот канцелар, Олаф Шолц денеска при посетата на Јапонија истакна дека санкциите против Русија ќе бидат укинати дури по повлекувањето на руските војници од Украина.
Шолц нагласи дека санкциите се многу ефективни и дека Русија забележува дека нанесуваат голема штета на можностите за економски развој.
Канцеларот додаде дека санкциите ќе бидат искористени за да се стави крај на војната и да се повлечат руските трупи, а Украина да го врати својот суверенитет.