Кремљ: Предавањето руски имот на Киев е опасен преседан

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Одлуката на САД да го конфискува рускиот имот со цел да и пружи помош на Украина е опасен преседан и обид за легализирање на експропријација, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тоа е опасен преседан кој претставува недозволиво искривување и кршење на сите правни норми. Тоа не е ништо друго освен експропријација на приватна сопственост и обид да се легализира на псевдо начин“, им рекол Песков на новинарите, пренесе Спутник.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера побара од Конгресот да одобри дополнителни финансиски средства за помош на Украина во износ од 33 милијарди долари.