301
Од почетокот на војната во Украина, Словенија и помогна на земјата на неколку начини, вклучително и прифаќање бегалци и испраќање хуманитарна помош.
Словенија ќе испрати материјална помош за Украина во форма на компјутери, лаптопи, антени, кабли, генератори и ИП телефони, соопшти денеска тамошното Министерството за одбрана по владината седница.
Проценетата вредност на помошта, вклучувајќи го и транспортот, е речиси 180.000 евра, а проектот ќе се реализира преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој беше дизајниран да го координира заедничкиот одговор на ЕУ на руската воена агресија врз Украина, пренесува СТА.