Норвешка ги затвора пристаништата и границите: Нема место за руски камиони и бродови

од Nikola Popovski

Норвешка денеска објави дека ќе следи петтиот пакет санкции на ЕУ против Русија и дека ќе воведе забрана за влез на руски камиони и закотвување на руски бродови во норвешките пристаништа.

„Санкциите се нашето најважно средство за притисок врз рускиот режим и од клучно значење е да застанеме со ЕУ и другите земји со цел да продолжиме да ја слабееме способноста на Русија да ја финансира војната во Украина“, информира министерот за надворешни работи Аникен Хјутфелт.

Одлуката на норвешката влада, која стапува на сила на 7 мај, предвидува Осло да забрани руски бродови, вклучително комерцијални бродови, јахти, едрилици и пловила за рекреација во норвешките пристаништа, јавува „CNN“.

Поради посебниот договор што постои меѓу Германија и Русија за управување и зачувување на рибниот фонд во Баренцовото Море, забраната нема да ги опфати рибарските бродови, како и спасувачките или истражувачките бродови.

Забраната за товарен сообраќај по копнен пат се однесува на транспортните компании основани во Русија и се применува веднаш, се вели во соопштението на норвешката влада.

Норвешка не е членка на ЕУ, но е дел од Европската економска област, што и овозможува пристап до внатрешниот пазар на ЕУ, но не мора да ја следи надворешната политика на ЕУ или одлуките на Брисел за правда или внатрешни работи.

Слични содржини