Лавров сега се заканува и на Молдавија: „Треба да бидат загрижени за својата иднина“

од Vladimir Zorba
274 прегледи

„Молдавците треба да бидат загрижени за својата иднина, тие се вовлекуваат во НАТО“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, цитиран од руската прорежимска агенција РИА Новости.

Претходно оваа недела, мистериозни експлозии одекнаа на неколку локации во Приднестровје, одметнат проруски регион на Молдавија на границата со Украина, што ги зголеми стравувањата од ширење на конфликтот низ регионот.

Според РИА, Лавров изјавил и дека „повеќето клучни партнери на Русија се согласиле со предлогот на Москва за начините на плаќање на природен гас“.

Да потсетиме, Русија неделава ја прекина испораката на гас за Полска и Бугарија, откако тие земји не се согласија да го платат рускиот гас во рубљи.

ЕУ потегот на Москва го нарече уцена.

Слични содржини