Макрон ќе ја зголеми воената помош за Киев

од Берта Китинска
259 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски ветил дека ќе ја зголеми воената и хуманитарната помош за Киев, пренесува РИА Новости.

Претседателите на Франција и Украина денеска разговарале телефонски, а според францускиот медиум BFMTV, Макрон му ветил на Зеленски „дека ќе ја зголеми помошта за Украина во одбранбено оружје и ќе обезбеди хуманитарна поддршка“.

„Мисијата на француските експерти кои придонесуваат за собирање докази за борба против неказнивоста и дозволување на работа на меѓународната правда во врска со злосторствата извршени во контекст на руската агресија ќе продолжи”, рече тој.