Фински весник: Хелсинки ќе поднесе барање за членство во НАТО на 12 мај

од Vladimir Zorba
257 прегледи

Финска ќе одлучи да поднесе барање за членство во НАТО на 12 мај, објави финскиот весник „Илталехти“, повикувајќи се на неименувани владини извори.

Одлуката за приклучување на Финска може да дојде по два чекори – прво претседателот Саули Нинисто мора да го одобри членството во НАТО, по што предлогот за апликацијата поминува низ парламентот, се додава во текстот на финскиот весник, цитиран од Ројтерс.

Одлуката ќе биде потврдена на средба меѓу претседателот и клучните владини министри, по објавите на претседателот и парламентот.

Слични содржини