Европската комисија може да ги изземе Унгарија и Словачка од ембаргото за нафта

од Vladimir Zorba

Европската комисија може да ги поштеди Унгарија и Словачка од воведување ембарго за купување руска нафта, што се подготвува, поради големата зависност на двете земји од руската нафта, изјавија денеска двајца претставници на ЕУ, цитирани од Ројтерс.

Се очекува Комисијата да ја заврши работата на новиот, шести пакет санкции на ЕУ против Русија поради нејзините дејствија во Украина во вторник, кои ќе вклучуваат забрана за купување руска нафта, чиј извоз е главен извор на приходи на Москва.

Со цел блокот од 27 земји да остане обединет, комисијата би можела да им понуди на Словачка и Унгарија „исклучок или долг преоден период“ да престанат да купуваат руска нафта, рекол функционер, чиј идентитет Ројтерс не го откри.

Слични содржини