266
За време на денешните протести на приврзаниците на ерменската опозиција во Ереван, полицијата уапсила 244 активисти, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Ерменија, а пренесува ТАСС.
Откако Пашанијан во парламентот зборуваше за потребата од потпишување мировен договор со Азербејџан, минатиот месец во Ерменија повторно започнаа протестите со барање за оставка на премиерот.
Ерменија и Азербејџан се во повеќедецениски конфликт околу сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах, кој е дел од Азербејџан, но е под ерменска контрола од раните 1990-ти.