Руското министерство за одбрана објави видео за кое тврди дека покажува воздушен напад на руски борбен авион Су-24 врз, како што велат, камуфлирани утврдени позиции на украинската армија.
„Бомбардирањето на утврдените позиции беше извршено во лет од екстремно ниска надморска височина. По бомбардирањето, екипажот на авионот извршил антиракетен маневар со испуштање термални мамки“, се вели во соопштението на руското министерство.