Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека пратките со оружје што НАТО ги испраќа во Украина, Русија ќе ги смета за цели кои треба да ги уништи, пренесе РИА.
Тој додаде дека украинските војници забарикадирани во фабриката за челик Азовстал во Мариупол биле држени во безбедносна блокада, откако претседателот Владимир Путин наредил таму да бидат херметички затворени.