Чешка ќе побара период на изземање од предложеното ембарго на Европската унија за руската нафта и на тој начин ќе добие време да го зголеми капацитетот на нафтоводот, најави денеска премиерот на таа земја Петр Фијала.
„Се обидуваме да добиеме одложување за две, можеби три години“, рече Фиjала, пренесе „Ројтерс“.
Бугарскиот вицепремиер Асен Василев претходно денеска најави дека Софија ќе бара изземање од предложеното ембарго на ЕУ за руската нафта.