Другите мрежи се во проблеми: ТикТок е поголема закана од војната во Украина

од Nikola Popovski
248 прегледи

Фејсбук, Гугл, Инстаграм се соочуваат со пад на бројот на корисници и бројот на огласувачи, а главен виновник е најмладата мрежа на пазарот.

Гугл, Фејсбук и Инстаграм во последните месеци се соочија со пад на бројот на активни дневни корисници и пад на бројот на огласувачи. Од една страна, овој пад се гледаше како последица на војната во Украина и наметнатите санкции.

Сепак, дали е ова единствениот и најголемиот проблем на овие мрежи?

Извештајот за работата на ТиктТок покажа значително зголемување на бројот на корисници во однос на претходниот период. Воедно, оваа мрежа немаше никакви последици или промени поради новосоздадената геополитичка ситуација.

Исто така, извештаите на оваа компанија покажуваат постојана тенденција на раст, пренесува PC Press.

Инстаграм воведе „reels“, додека Јутјуб воведе „shorts“. Двете нови функции се покажаа како интересни за корисниците, но далеку под очекувањата.

Се чини дека корисниците се повеќе се одлучуваат за ТикТок, па според тоа стана најголемиот ривал на другите социјални мрежи, пренесува „CNBC“.

Слични содржини