Акциите на Русија во Украина биле легитимни, акциите на Украина во Донбас – не

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека акциите на Русија во рамките на, како што ја нарекуваат инвазијата, „специјалната воена операција“ во Украина биле легитимни, за разлика од акциите на Киев на сопствената територија.

„Постапките на Русија во Чеченија, Јужна Осетија и сега во Украина се целосно легитимни, додека постапките на властите во Киев, кои иницираа геноцид и истребување на се што е руско во нивната земја, се нелегитимни, неуставни и неморални“, рече таа во интервјуто со шпански ABS, што беше објавено на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи, јави ТАСС.

Захарова истакна дека Русија редовно го привлекувала вниманието на западните земји на геноцидот врз народот во југоисточна Украина, кои, како што додаде, одбиле да го прифатат и поддржат исходот од неуставниот пуч во 2014 година и се спротивставиле на масовните прекршувања на луѓето што зборуваат руски јазик.