240
Советникот на градоначалникот на Мариупол Петро Андриушченко изјави дека продолжуваат интензивните напади на Мариупол.
„Ако има пекол во светот, тој е во Азовстал“, рече тој, пренесува Си-Ен-Ен.
„Дури и ноќе има постојано гранатирање и напади“, рече Андриушченко, објаснувајќи дека нападите биле извршени ноќе со оган од дронови. Тој додаде дека населбите во близина на фабриката за челик морале веднаш да се евакуираат без предупредување.
Во средата беше објавено дека Русите упаднале во фабриката за челик каде што е последната група украински борци и неодреден број цивили.