214
Кремљ негираше дека руските војници извршиле напад врз фабриката за челик Азовстал, во која под опсада се наоѓаат украински борци и цивили, и соопшти дека денеска функционираат хуманитарни коридори во таа област.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на денешната прес-конференција рече дека рускиот претседател Владимир Путин не дал нови наредби во врска со комплексот на фабриката за челик Азовстал во градот Мариупол, така што останува на сила претходната одлука за запирање на нападот, но да се блокира областа, пренесе ТАСС.
Песков потврди дека фабриката е блокирана, но дека на тој простор работат хуманитарни коридори.