Вучиќ: Германија е најважниот партнер на Србија

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска истакна дека Германија е најважниот партнер на Србија и дека тоа не смее да се крие и дека е важно да се разговара отворено, бидејќи таков разговор е важен за иднината, а таа e, како што вели, европска.

По разговорот со германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт, Вучиќ потсети дека се вратил од Берлин каде имал средба со германскиот канцелар Олаф Шолц и министерката за надворешни работи Анален Бурбок и пренесе дека неговиот впечаток е дека ангажманот на Германија во регионот на Западен Балкан зборува за нејзината желба да се приближиме до ЕУ.

Претседателот на Србија денеска се сретна со германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт.

Слични содржини