Утре во Париз инаугурацијата на Емануел Макрон

од Stefanija Kuzmanovska
354 прегледи

Во Париз утре ќе се одржи церемонијата на инаугурација на Емануел Макрон, кој вторпат по ред ќе биде претседател на Франција по победата во вториот круг од претседателските избори одржани на 24 април.

Церемонијата е закажана за 11 часот во салата за прославите на Елисејската палата, но се очекува церемонијата да биде скромна, соопштија извори блиски до француското претседателство.

Според утврдениот протокол, церемонијата ќе започне со објавување на официјалните резултати од претседателските избори. Оваа улога ја има претседателот на Уставниот совет на Советот, Лоран Фабиус.

Центристот Макрон во вториот круг освои 58,55 отсто од гласовите, додека неговата противкандидатка, лидерката на крајната десница Марин Ле Пен, освои 41,45 отсто.

Слични содржини