Министрите за внатрешни работи на балтичките земји и Полска потпишаа мултилатерален договор во Украина за соработка во спречувањето на прекуграничен криминал и обновување на сферата на активност на Министерството за внатрешни работи на Украина по завршувањето на војната. Естонскиот министер за внатрешни работи Кристијан Јани изјави дека неговата земја ќе продолжи целосно да ја поддржува Украина.
Тоа се однесува на директна политичка и практична поддршка на Украина, вклучително и хуманитарна помош, како и повоена обнова и воведување строги санкции против Русија, изјави Јани. Тој додаде дека Естонија целосно ќе ја поддржи иницијативата Украина да добие статус на земја кандидат за членство во Европската унија, пренесува „Танјуг“.
Министерот нагласи дека вкупната естонска хуманитарна помош изнесува повеќе од 16 милиони евра, вклучително и поддршка на граѓанското општество и приватниот сектор.