Инфлацијата има негативен ефект врз економијата на САД, а се` – од гориво до храна – расте.
Луѓето немаат што да направат за да ја избегнат инфлацијата кога ќе стигнат до касата на продавницата, но извршниот директор на „Беркшир Хатавеј“ и легендарен инвеститор – Ворен Бафет вели дека можат да направат некои потези за да се заштитат од нејзините ефекти.
На овогодинешното собрание на акционери на „Беркшир“, Бафет го повтори својот долгогодишен совет дека една од најсилните одбрани против инфлацијата е да се подобрат професионалните вештини и да се стремиме да се биде меѓу лидерите во својата област.
„Најдоброто нешто што можете да направите е да бидете исклучително добри во нешто“, рече Бафет (91). Наведувајќи ги професиите како лекари и адвокати како пример, Бафет рече дека „луѓето ќе ви дадат дел од она што го произведуваат во замена за она што го нудите“.
Бафет, исто така, додаде дека вештините, за разлика од валутата, се заштитени од инфлација. Ако имате вештина, што се бара, таа ќе продолжи да се бара без разлика колкава е вредноста на доларот.
„Способностите што ги имате не може да ви се одземат. Тие не можат да исчезнат со зголемената инфлација“, рече тој. „Најдобрата инвестиција е несомнено се што ве развива и не се оданочува“.
Овој совет е сличен на советот што Бафет го предложи на состанокот на акционерите на Беркшир во 2009 година на крајот на Големата рецесија, кога тогаш 78-годишниот милијардер рече дека „најдоброто нешто е да инвестираш во себе“.
Бафет, исто така, тогаш рече дека следната најдобра работа е да се инвестира во „одлична компанија“ која произведува производи кои се барани без оглед на перформансите на доларот.
Тој како пример ја наведува Кола-Кола, велејќи дека во децениите што доаѓаат луѓето сè уште ќе го сакаат неговиот омилен газиран пијалок, без инфлацијата да има улога во нивната одлука.
„Не е важно што се случува на ниво на цени“, вели Бафет, бидејќи луѓето ќе продолжат да плаќаат за производите што им се допаѓаат.