Левица – Битола: Пратеничката Ангелевска за патните трошоци за 5 месеци потрошила 132,440 илјади денари

од Берта Китинска
552 прегледи

Додека пратениците на Левица се откажаа од патните трошоци и побараа воведување на апанажа за работниците која беше отфрлена од широкото мнозинство, без срам битолските пратеници ја празнат касата на народот, велат од Левица – Битола.

Тие како примери ги наведоа следниве пратенички:

-Пријавуваат вртоглави суми и манипулираат, додека, на граѓаните секој ден им е поскап за основна прехрана.Бисера Костадиновска Стојчевска ( СДСМ) за само 3 месеци ја испразнила државната каса за 84,751 ден. Олга Лозановска (ВМРО ДПМНЕ) за 4 месеци ја испразнила државната каса за 121,159 илјади денари. Силвана Ангелевска ( ВМРО ДПМНЕ ) за 5 месеци за феноменални 132,440 илјади денари. Овие пратеници како и останатите, воопшто немаат грам почит кон граѓаните, немаат срам да се појават пред вратата на сиромашниот и немоќен народ, кој токму овие ликови, претставници на градот го осиромашуваат на секое поле.Ветуваат многу само за сопствен џеб.ОВИЕ НЕ СЕ ПРАТЕНИЦИ, ОВИЕ СЕ ПЛАТЕНИЦИ, велат од Левица.