197
Рускиот претседател Владимир Путин му изрази сочувство на кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел поради експлозијата во хотелот Саратога во Хавана, стои во објава на веб-страницата на Кремљ.
„Прифатете го моето најискрено сочувство за трагичните последици од експлозијата во хотелот Саратога во Хавана. Би ве замолил да ги пренесете моите зборови на сочувство и поддршка до семејствата и пријателите на жртвите, а на повредените им посакувам брзо закрепнување“, порача Путин во пораката до кубанскиот претседател.
Експлозијата се случила вчера во центарот на Хавана.
Според последните податоци, загинале најмалку 22 лица, меѓу кои и едно дете. Во болниците се пренесени 64 повредени, меѓу кои 14 малолетници, потсетува ТАСС.