Москва: Се вратија морнарите кои беа незаконски задржани во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
203 прегледи

Единаесет цивилни морнари од бродот „Авангард“, кои незаконски беа задржани во Украина, се вратија во Русија, објави денеска на Телеграм рускиот омбудсман за човекови права Татјана Москалкова.

„Единаесет членови на екипажот на бродот Авангард, кои се државјани на Русија, беа ослободени од големите напори што ги презедовме заедно со Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи по наредба на рускиот претседател“, истакна таа. пренесува ТАСС.

„72 цивилни морнари беа незаконски приведени во бродоградилиште во украинскиот град Измаил“, изјави Москалкова.

Слични содржини