Џон Ли е именуван за нов лидер на Хонг Конг, по затворениот процес на гласање во кој тој беше единствениот кандидат.
Неговото назначување нашироко се смета за потег на кинеската влада да ја заостри контролата над градот.
Познат како поддржувач на Пекинг, Ли го надгледуваше задушувањето на продемократските протести во Хонг Конг во 2019 година.
Ли ќе ја замени лидерката на Хонг Конг во заминување Кери Лам, која е на функцијата од 2017 година, пишува Би-Би-Си.
Лидерите на Хонг Конг се избираат од затворен круг од околу 1.500 членови, кои се речиси сите про-пекинг лојалисти – иако овој пат за нив имаше само еден кандидат.
Ли, која беше поранешен генерален секретар и втор највисок функционер во градот, отсекогаш важеше за омилена замена за Кери Лам, која претходно најави дека нема да се кандидира за втор мандат.