Во пресрет на воената парада беше најавено дека над Москва ќе прелетаат дури 77 авиони на руската армија, но според Песков тоа нема да се случи.
Програмата на парадата за Денот на победата, која вклучуваше прелет на воени авиони и хеликоптери, нема да се одржи поради неповолните временски услови, пишува ТАСС.
Во пресрет на воената парада беше најавено дека над Москва ќе прелетаат дури 77 авиони на руската армија, а осум борбени авиони требаше да го формираат симболот на инвазијата на Украина – буквата „Z“.
„Воздушниот дел од програмата нема да се одржи“, изјави за ТАСС портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Воената парада во Москва започна во 10 часот по локално време, а за време на својот говор рускиот претседател Владимир Путин рече дека Западот планира напади врз Донбас и Крим.
Според британски The Telegraph, времето во Москва во моментов не е толку лошо, но се шпекулира дека Русите всушност имаат големи загуби во војната и дека наводно немаат авиони да покажат. Се додава дека гласините можеби не се точни бидејќи авионите биле на тест пред неколку дена.