Папата има здравствени проблеми, одложи службена посета

од Stefanija Kuzmanovska
317 прегледи

Посетата на папата Франциск на Либан во јуни е одложена бидејќи 85-годишниот Папа во последно време има потешкотии со движењето, соопштија во понеделник извори од Ватикан.

Папата имаше силни болки во десното колено во последните неколку недели, покрај долгогодишниот ишијас.

Два извора, кои сакаа да останат анонимни бидејќи не смеат да зборуваат за такви работи, рекоа дека здравјето на папата е главната причина за одложување на посетата.

Планот за средба на Папата со рускиот патријарх Кирил на 14 јуни во Ерусалим е веќе откажан поради војната во Украина.

Слични содржини