Макрон: Ќе бидат потребни неколку децении за Украина да влезе во ЕУ

од Nikola Popovski
240 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека веројатно ќе бидат потребни „неколку децении“ за Украина да стане полноправна членка на ЕУ.

Сепак, Макрон додаде дека таа е „веќе член“ на европското семејство поради нејзината „борба“ и „храброст“, пренесува Би-би-си.

Во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур, Макрон исто така рече дека се надева оти ЕУ ќе постапи „брзо“ по прашањето за процесот на пристапување на Украина.

Украина го пополни вториот прашалник како дел од процесот на аплицирање во ЕУ.