„Постигнат е одреден напредок“ со Унгарија за руските санкции. Ова го изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, која синоќа се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Главна тема на преговорите беа предлозите за ембарго на руските горива.
И покрај постигнатиот напредок, за кој не се коментираат детали, фон дер Лeјен додаде дека „потребна е повеќе работа“.
„Вечерашната дискусија со премиерот Виктор Орбан беше корисна за разјаснување на прашањата поврзани со санкциите и енергетската безбедност. Постигнавме напредок, но потребна е повеќе работа“, додаде тој.
Следниот чекор договорен меѓу двајцата водачи е свикување видео-конференција со другите земји во регионот за зајакнување на регионалната соработка во нафтената инфраструктура.