Украинската влада одобри декрет за префрлање на целиот руски имот на територијата на Украина на државата, односно на државната компанија „Nacionalni investicioni fond“.
Премиерот Денис Шмихал на својот Телеграм канал изјави дека Киев ќе земе се што има Русија во Украина и ќе го искористи за зајакнување на армијата, поддршка на народот и обнова на земјата.
– И претседателот и владата во неколку наврати рекоа дека Русија мора да плати за тоа што го уништи во Украина – рече Шмихал, пренесува „Укринформ“.
Тој додаде дека владата продолжува да работи со меѓународните партнери за да може имотот на Русија во други земји да биде конфискуван и пренесен за обнова на Украина.