Украинската Врховна Рада го одобри указот на претседателот Владимир Зеленски за заплена на руски имот во Украина, соопшти денеска пратеникот Јарослав Железњак.
„Рада го усвои претседателскиот декрет за заплена на руски имот“, напиша пратеникот Железњак на Телеграм, пренесува ТАСС.
Указот беше усвоен со 334 гласа „за“, додека за усвојување беа потребни 226.