322
Очигледно, Северна Кореја е подготвена за седмата нуклеарна проба, изјави денеска неименуван претставник од претседателскиот кабинет на Јужна Кореја.
Пред нуклеарната проба, Пјонгјанг би можел да тестира балистички ракети, додаде функционерот, пренесува агенцијата Johnap.
Владата во Сеул има намера да направи „многу детални акциони планови“ за Северна Кореја и други регионални и глобални прашања пред претстојниот состанок меѓу претседателот Џон Сук-Јол и неговиот американски колега Џозеф Бајден.