Бербок: Русија се обидува да предизвика глобална криза со глад

од Vladimir Zorba
348 прегледи

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок денеска ја обвини Русија дека намерно се обидува да предизвика глобална криза со глад со блокирање на извозот на житарки од Украина, пренесе „Financial Post“.

Обраќајќи се на крајот на тридневниот состанок на министрите за надворешни работи на Г7 во Германија, таа рече дека Групата седум најразвиени земји итно бара алтернативни начини за извоз на украинско жито.

Бербок изјави дека околу 25 милиони тони, кои се заглавени во украинските пристаништа, му се „итно потребни на светот“.

Слични содржини