303
Во текот на вчерашниот ден (14.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 158 возачи.
Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.