СДСМ: Езерцата во Градски парк неисчистени со месеци

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Тажни слики од крајно запоставените езерца во Градскиот парк во Скопје, претворени во буниште, во извор на зараза, сведочи за негрижата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, соопштуваат од СДСМ.

„Езерцата неисчитени со месеци, полни со отпадоци, гнилеж и тиња претставуваат потенцијален извор на зараза за граѓаните, кои секојдневно во голем број го посетуваат паркот, се наоѓаат на само неколку десетини метри од канцеларијата на Арсовска“, се наведува во соопштението.

Граѓаните на дело, според Бихаќка, секој ден ја гледаат неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини