Пентагон: Русија не одлучува за членството на Финска и Шведска во НАТО

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Не е на Русија да одлучи дали Шведска и Финска ќе влезат во НАТО, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Тој го рече тоа откако претседателот на Русија, Владимир Путин, предупредил дека приклучувањето на Финска во НАТО би било „грешка“, пренесе Би-Би-Си.

Финскиот претседател Саули Нинисто претходно денеска потврди дека неговата земја ќе поднесе барање за членство во Северноатлантската алијанса.

Слични содржини