Заробен војник во Азовстал ја пее победничката песна на Евровизија додека паѓаат бомби (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
384 прегледи

Украински војник во фабриката за челик Азовстал во Мариупол ја пее песната „Стефанија“ која победи на Евровизија, додека околу него паѓаат руски бомби, пренесува „Дејли Мејл“.

Песната во изведба на украинската фолк-рап група Калуш победи во големото финале на Евровизија во саботата вечерта. „Стефанија“ беше напишана како почит на мајката на фронтменот Олех Псиук, но беше претворена во воена химна.

Стиховите на Псјук „Секогаш ќе го најдам патот до дома, дури и ако сите патишта се уништени“ добија посебно значење во светлината на конфликтот. Иако повеќе од илјада цивили заробени во опколената челичарница беа евакуирани, стотици украински војници останаа.

Тие го претставуваат последното упориште на украинските борци во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, која е под постојан руски напад.

Да потсетиме, украинскиот оркестар Калуш оствари победа во големото финале на Евровизија, со 631 поен. Веднаш по завршувањето на Евровизија, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави победата и дури вети дека ќе ја одржи манифестацијата во Мариупол следната година, и покрај тоа што поголемиот дел од градот беше претворен во урнатини среде руската инвазија.

„Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа. Следната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија. По трет пат во нашата историја и, верувам, не последен. Ќе дадеме се од себе да бидеме домаќини на учесниците и гостите на Евровизија во Мариупол, Украина. Слободно, мирно, обновено. Му благодарам на оркестарот Калуш за оваа победа и на сите оние кои ни ги дадоа своите гласови. Сигурен сум дека звукот на победата во борбата со непријателот не е далеку. Слава на Украина“, рече тој.

Слични содржини