Зеленски: Разговарав со Шолц за дополнителни санкции против Русија

од Stefanija Kuzmanovska
202 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц за ситуацијата на првата линија на украинската војна против Русија и дека има разговори за дополнителни санкции против Москва како облик на притисок, пренесе „Ројтерс“.

„Имав продуктивни разговори со германската канцеларка. Разговаравме за ситуацијата на линијата на фронтот, натамошниот притисок врз Русија, построги санкции, можностите за мир“, напиша Зеленски на Твитер.

Украина смета на натамошната поддршка од Германија на патот кон полноправно членство во Европската унија.

Слични содржини