Русија размислува да го одблокира Инстаграм

од Nikola Popovski
293 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Инстаграм може да биде одблокиран во Русија.

„Социјалната мрежа Инстаграм, во сопственост на компанијата Мета, во иднина може да биде деблокирана. Искрено, не би го исклучил тоа“, рекол Песков, пренесува ТАСС.

Песков денеска зборуваше на конференција за образование во близина на Москва, а меѓу другото рече дека тој и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров пријателски се критикуваат.

Тој потоа го обвини Западот дека води дипломатска, економска и политичка војна против Русија, пишува „Index.hr“.

„Тоа се непријателски држави бидејќи тоа што го прават е војна“, рече Песков.

Песков додаде дека секоја војна завршува со мир.

„Секоја војна завршува со мир. А тој мир ќе биде оној во кој ќе се слушне нашиот глас“, нагласи рускиот функционер.

 

Слични содржини