Американската армија: Чести се средбите со НЛО, за некои нема објаснување

од Nikola Popovski
378 прегледи

Средбите со НЛО се чести и се повторуваат, изјавил американски поморски разузнавачки официр за време на првото јавно сослушување на воени претставници пред Комитетот за разузнавање на американскиот Конгрес.

За време на сослушувањето, главниот разузнавач на Пентагон, Роналд Мултри, истакна дека ригорозните анализи можат да го одредат потеклото и да ги идентификуваат повеќето НЛО, но не сите.

„Секој објект со кој ќе се сретнеме најверојатно може да биде изолиран и идентификуван“, рече Мултри.

Од 2004 до 2021 година евидентирани се вкупно 140 средби, од кои повеќето се идентификувани. Единаесет случаи вклучуваат блиски средби со воени авиони.

Мал број инциденти, сепак, се уште чекаат објаснување. Еден од нив се случил во 2004 година, кога пилотите во Пацификот наишле на објект кој се спуштал илјадници метри пред да застане.

Во друг инцидент, кој денеска за прв пат и беше претставен на јавноста, НЛО бил снимен како прелетува покрај американски воен авион.

„Има мал број на средби чии карактеристики на летот не можеме да ги објасниме со податоците што ни се достапни“, рече Скот Бреј, заменик-директор на поморската разузнававчка служба.

Сакајќи да појасни дека овие средби најверојатно немаат врска со вонземјани, Бреј истакна дека досега не е пронајден органски или неоргански материјал, ниту некакви остатоци.

Фото: KTS Image/Getty Images

Слични содржини