Австрискиот канцелар откри дали Австрија ќе се приклучи на НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
280 прегледи

Австрискиот канцелар Карл Нехамер рече дека неговата земја, која не е членка на ниту еден воен сојуз, нема намера да се приклучи на НАТО.

Говорејќи по состанокот во Прага со чешкиот колега Петер Фиал, Нехамер рече дека историјата на Австрија е поинаква од онаа на Финска и Шведска и дека ќе ја задржи својата воена неутралност.

Сепак, тој рече дека неговата земја – како членка на Европската унија – покажала солидарност со Украина, дозволила испорака на оружје за Киев и ги поддржала санкциите против Русија, објави Би-Би-Си.

Чешкиот премиер Фиал рече дека неговиот австриски колега ја поддржал идејата за проширување на капацитетот на гасоводот Трансалпин (ТАЛ), кој ги снабдува рафинериите во Австрија, Германија и Чешка од терминал во италијанското пристаниште Трст.

Чешките власти рекоа дека гасоводот ТАЛ на крајот би можел да обезбеди доволно нафта – во случај на ембарго на ЕУ за рускиот увоз. Сепак, проширувањето на капацитетот би траело и до три години.

Слични содржини