222
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска во Скопје, каде што е во еднодневна работна посета, изјави дека Србија ќе продолжи да биде сигурен партнер на земјава во овие кризни времиња во светот и Европа и дека можат да сметаат на најмногу.
„Сакам да им порачам на граѓаните на Македонија дека и покрај предизвикувачките времиња што ги имаме во светот и Европа, Србија ќе остане сигурен и стабилен партнер на кого најмногу може да сметате во најтешките околности“, рече Брнабиќ на новинарите.
Таа посочи дека Србија го покажала тоа за време на Ковид-кризата, како и дека Северна Македонија е еден од најблиските и најдобрите политички и економски партнери на Србија.